Е-пошта Печати PDF

Медиа Плус Мисија

image001-1 

Наша мисија е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност на чинителите во извршната, судската и парламентарната власт. Ние ќе ги насочуваме медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Медиумите ја имат контролната четврта власт и се главен коректор на општествените текови. Ние ќе организираме промотивни настани и активности, ќе ги доближиме граѓаните до медиумскиот свет и ќе постигнеме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Е-пошта Печати PDF

Емисија 1 – Моја општина , Куманово

Според анкетата направена од страна на анкетар во Куманово констатирано е дека најчесто посочуван проблем се дивоградбите .
Преку 1.500 објекти во Куманово се дивоградби. Граѓаните велат дека градежна дозвола исклучително тешко се добива, па многумина се решаваат да градат и без потребните документи. Општината објаснува дека се работи за наследен проблем, за кој се уште не може да најде решение. Проблемот со дивоградбите во Куманово го истражувавме во првата емисија од проектот “Моја општина“
Последно освежено на Понеделник, 26 Јули 2010 08:03
Е-пошта Печати PDF

Емисија 2 – Моја општина , Струмица

При секој дожд и невреме, една четвртина од Струмица е под вода. Градот има проблем со поплавите заради незавршениот одводен канал кој треба да ги собира атмосферските води. Ова е темата на денешното издание на проектот “Моја општина“.
 
Последно освежено на Понеделник, 09 Август 2010 11:40
Е-пошта Печати PDF

Емисија 3 – Моја општина , Велес

Секој трет велешанец е без работа, вели неофицијалната статистика. Официјално, бројката на невработени во градот се движи околу 13.000. Невработените гледаат спас во привлекувањето на странски инвеститори и зголемувањето на бројот на работни места. Со ваква идеја, локалната самоуправа го стартуваше и проектот за економската зона Речани 2. Но, реализацијата заглави во правните лавиринти и нерасчистените имотно - правни односи. 
Последно освежено на Понеделник, 09 Август 2010 10:15
Е-пошта Печати PDF

Емисија 4 – Моја општина , Струга

Во екот на туристичката сезона, плажите во Струга не се добро уредени. Стружани ја губат битката за привлекување на туристи со соседниот Охрид. Езерото е исто, убавините ги има, но во пресметките меѓу локалната и централната власт за тоа во чија надлежност се плажите, туристичкиот развој на градот паѓа во заден план. Неколку милиони евра загуби градот во изминатите години заради недоволна промоција и инвестирање во туризмот. Состојбата мора да се менува, едногласни се и туристите, но и жителите на Струга.
Последно освежено на Вторник, 17 Август 2010 10:26